Подготовки за туристи – хотелите и рестораните во Турција ќе мора да исполнат 132 критериуми

94

Турција подготвува посебни хигиенски мерки и стандарди за да се подготви за враќање на туристите, изјави турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Есрој.

Чекор по чекор, ограничувањата за патувања во земјата постепено ќе се укинуваат од крајот на мај, а меѓународните летови постепено ќе бидат воведени, пренесува Seebiz.

“Владата изработи Програма за сертификати за хотели и ресторани кои ќе треба да исполнуваат строги критериуми“, рече Есрој.

Постојат вкупно 132 критериуми, вклучувајќи почитување на хигиенските услови и социјалното растојание.

Вработените ќе мора да бидат обучени за спречување на ширење на инфекција. Се укинува самопослужувањето со храна и пијалаци. Владата, исто така, ќе објавува список на болници со нивните капацитети коишто се достапни во популарни туристички центри.

Туризмот е значајна гранка од турската економија, а оваа година турските власти пред појавата на пандемијата очекуваа доаѓање на 58 милиони гости.

Фото: Pixabay