Поднесени 12 барања за набавка на трактори во Тиквешко

22

Дванаесет земјоделци од Тиквешкиот регион аплицирале за обезбедување трактори преку Програмата за рурален равој, а само еден поднел барање за реконструкција на склад за жито.
Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, информираат дека рокот за аплицирање е до средината на овој месец, а предвидени се средства за примарно производство на житарки и индустриски култури, реконструкција на преработувачки капацитети за жита и за набавка на опрема за преработка на жито и на земјоделска механизација за земјоделски задруги и кооперативи.
Според Програмата, земјоделците самите треба да ја обезбедат инвестицијата, по што им се враќаат половина пари.