Подобрување на бизнис соработката меѓу Македонија и Албанија

42

Подобрување на бизнис соработката меѓу Македонија и Албанија е тема на деловниот појадок што се одржува денеска во Тетово, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

На појадокот ќе присуствуваат над 100 компании членки на ССК од повеќе сектори, како и делегација бизнисмени од Албанија.

На средбата ќе се обратат министерот за економија, Беким Незири, министерот советник во делегацијата на ЕУ, Робет Лидл, и претседателот на ССК, Даниела Арсовска.

Целта е да се подобри соработката и комуникацијата меѓу бизнис секторот со локалната и централната власт, во насока на заедничко креирање и подобрување на условите за водење бизнис. На деловниот појадок ќе се дискутира за конкретни теми преку веќе подготвени предлог политики на неколку теми.

Активноста се реализира со поддршка на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Албанија во рамки на проектот Подобрувње на бизнис соработката во прекуграничниот регион, имплементиран од страна на ССК.