Подобрување во преработувачката индустрија

16

Државниот завод за статистика излезе со податоци дека состојбата на компаниите од преработувачката индустрија во месец ноември е подобра во однос на октомври, но споредено со ноември 2011 е полоша.

Овие резултати се добиени преку анкетата што ДЗС редовно ја спроведува меѓу раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија.

Оценката за обемот на производството во ноември е поповолна во однос на претходниот месец. Очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените.

Залихите и тековните набавки на суровини и репроматеријали, се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во ноември 2012 година се зголемени во споредба со октомври 2012.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември изнесувал 59,4% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 23,7%, недоволната домашна побарувачка со 16,5%, финансиските проблеми со 13,8% и конкурентниот увоз со 8,7%.