Подравка доби шефица

42

Надзорниот одбор на хрватската прехранбена компанија, Подравка, ја назначи Мартина Далиќ за претседателка на нејзината Управа. Далиќ претходно беше потпретседателка на хрватската влада и министерка за финансии.

Нејзиниот мандат почнува на четврти февруари и ќе трае до 23-ти февруари следната година, пренесува агенцијата Хина.

Далиќ на тоа место го заменува Марин Пуцар, кој долги години ја водеше хрватската компанија, но почина минатиот месец.

“Можам да кажам дека лично ми е многу драго што предлогот за моето именување доаѓа од најголемиот поединечен акционер, а тоа е хрватската влада. Тоа за мене претставува и дополнителна одговорност“, рекла Далиќ.

Фото: Freepik