Подравка заинтересирана за Бамби и Алкалоид?

49

Агенција Bloomberg се повикува на хрватски Пословни дневник и наведува дека Подравка прехрамбена индустрија, вториот најголем производител во Хрватска, е заинтересирана за аквизиции на српската компанија Бамби Банат и македонски Алкалоид.

И претходно хрватските медиуми пишуваа дека Подравка е подготвена да се шири во регионот и дека за тоа е подготвена да потроши 100 милиони евра.

http://www.bloomberg.com/news/2012-12-19/podravka-eyes-alkaloid-serbia-s-bambi-poslovni-reports.html

На почетокот на декември, Алкалоид АД извести дека извршил дополнително вложување во постоечката компанија во Република Србија по пат на зголемување на основачкиот влог. Вложувањето е извршено во Алкалоид д.о.о. Белград, каде се инвестирани 36.000 евра наменети за опремување на контролната лабораторија за потребите на сопственото производство.