Поевтини патарини и апартмани во Дубровник од 50 евра за ноќ

185

За седум дена откако Хрватска ги попушти мерките против коронавирусот, сè повеќе странски туристи влегуваат во земјата. Словенија ги укина ограничувањата за влез во Хрватска, која досега договори пристигнување на туристи од пет држави. Првите туристи од Кина треба да пристигнат до септември, а пристигнуваат гости и од Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка, пренесува Novosti.rs.

Бидејќи бројот на новозаразени лица во Хрватска е минимален последниве денови, престојот на туристите би можел да биде целосно ослободен од драстични и посебни мерки, иако дел од нив ќе бидат во сила. Така, предвидено е 15 лица да бидат сместени на 100 квадратни метри плажа, a пешкирите не смеат да бидат едни до други. Ќе има службени лица на секоја голема плажа кои ќе го следат однесувањето на туристите и ќе спречуваат да има метеж.

Хигиенските мерки ќе бидат строго спроведени во хотелите, ќе се инсталираат средства за дезинфекција на сите места, а масите во рестораните ќе бидат на многу поголемо растојание отколку порано.

Во хотелите ќе бидат поставени средства за дезинфекција, а масите ќе бидат на поголемо растојание. Што се однесува до шведските маси останува да се види, но најверојатно хотелите нема да ги имаат. Ќе има посебни мерки во националните паркови како Плитвички Езера, а билетите ќе треба да се купат однапред за да се знае точно колку посетители можат да влезат.

За да привлечат што е можно поголем број туристи во Хрватска, ова лето на автопатите ќе важат зимските, значително пониски цени, а патарината за преминување на мостот до островот Крк ќе биде укината.

Маските се задолжителни за сите вработени во туризмот, од келнери до рецепционери, а формуларите ќе се пополнуваат во собите. Во повеќето објекти од повисока категорија ќе работат специјални уреди за вентилација. Престојот на рецепција ќе биде скратен колку што е можно, така што гостите во собите ќе ги пополнат потребните обрасци.

Цените се во мирување, затоа што се калкулира дека ќе бидат пониски. Само Дубровник реши да направи корекции, така што во многу добри хотели може да се ноќева за помалку од 100 евра.

Конкуренцијата за приватно сместување во подрачјето на Дубровник е толку голема што е можно квалитетни апартмани да чинат околу 50 евра. Исто е и во Ровињ, каде што во јули се нудат апартмани за 50 до 70 евра, додека хотелите за сега не се поевтини, а цената за ноќ се движи од 150 до 500 евра.

Фото: Pixabay