Поевтинуваат бензините и дизел горивата

3

goriva

Бензините и дизел горивото од ноќеска добиваат нови намалени цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 се намалува за два денари за литар и новата цена ќе биде 81 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-95 се намалува за 1,50 денари и ќе изнесува 83 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 денари за литар и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 56 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,84 ден/кг и ќе изнесува 40,348 ден/кг.