Поевтинуваат горивата

211

Бензините поевтинуваат за пола, а дизелот за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еурoсупер БС – 95 изнесува 48 денари, додека еден литар Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 50 денари. Дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) поевтинува за еден денар и неговата нова цена ќе биде 45 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 33,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,921 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.03.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 17,970 ден/кг.

Фото: Pixabay