Поголема заработка носи кората, одошто плодот

193

Кората од портокал во Турција достигнува цена од 1,50 долари за килограм, што е поголема вредност одошто цената на самото овошје што се продава меѓу 0,30 и 0,60 долари, пишува Хуријет.

Екстрактот од портокал се прави од кората, па поради тоа кората е вредна и скапа.

Одгледувачите на портокали јужниот дел на Турција ја чистат и сушат кората и потоа ја нудат како суровина на голем број компании.

Кората од портокал се користи во различни индустрии, како што се козметичка и фармацевтска. Тоа ја прави кората да биде повредна од самото овошје.

Фото: Pexels