Според истражувањето на турскиот Институт за статистика речиси девет од 10 домаќинства во земјата имале пристап до интернет во 2019 година, пишува Hurriyet Daily.
Пристапот до интернет во земјата пораснал за 4,5% на 88,3% споредено со претходната година.
Додека 87,9% од домаќинствата користеле широкопојасен интернет, 86,9% од нив се поврзале преку мобилен интернет годинава.
Процентот корисниците на возраст од 16 до 74 години бил 75,3%, а тој број лани изнесувал 72,9%.
Мажи корисниците имало 81,8%, а 68,9% биле жени.
Во периодот април 2018-март 2019, 51,2% од интернер корисниците на возраст од 16 до 74 години комуницирале онлајн со јавните власти за приватни цели.
Фото: Pixabay