Пола литар пиво во Катар скоро осум, а во Иран пола евро

116

Половина литар локално пиво во Катар се продава по цена од 7,6 евра, покажуваат податоците на Numbeo. Спротивно на Катар, пола литар домашно пиво во Иран чини 0,52 евра.

Меѓу земјите коишто имаат највисока цена на пивото се и: Јордан (4,94 евра), Обединети Арапски Емирати (3,81 евра), Бахреин (3,73 евра) и Сингапур (3,40 евра).

Од земјите во регионот, највисока цена на пиво од половина литар во маркет има Грција – 1,24 евра. Следна е Хрватска, каде пола литар локално пиво чини 1,07 евра, потоа е Словенија со цена од 1,06 евра. Поскапо пиво од кај нас се продава и во Црна Гора (0,81 евра) и Албанија (0,73 евра). Во Македонија, според податоците, половина литар пиво од локално производство, се продава по просечна цена од 0,72 евра. Бугарија продава локално пиво по цена од 0,63 евра, а во Србија 0,58 евра.

Три земји во коишто локалното пиво е најевтино во споредба со светот се: Иран (0,52 евра), Босна и Херцеговина (0,57 евра) и Казахстан (0,57 евра).

Фото: Pixabay