Пола од фирмите во Европа не се сигурни дека ќе преживеат

Повеќе од половина од малите и средни компании, што заедно обезбедуваат работа за две третини од вработените во Европа, се плашат дека ќе преживеат во следните 12 месеци, покажува истражување на консултантската компанија McKinsey.

Истражувањето е направено во август, пред да се случи зголемување на бројот на инфицирани од коронавирус низ Европа, што повторно ќе ги принуди владите да воведат рестриктивни мерки, пренесува Ројтерс.

Во истражувањето на McKinsey се вклучени над 2.200 компании во пет европски земји: Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија. Податоците покажуваат дека 55% од нив очекуваат да им стават клуч на врата на своите бизниси до септември следната година, доколку приходите останат на ова ниво како што се сега.

Едно од 10 мали и средни компании очекуваат банкрот во следните шест месеци.

Во овие компании се вработени повеќе од 90 милиони луѓе. Во Шпанија, на пример, 83% од 85.000 бизниси што згаснале од февруари, имаат помалку од пет вработени.

Фото: Freepik