
Поларна мечка ги преплаши жителите на Лондон и ги вжешти социјалните мрежи, откако беше забележана на неколку локации во градот. Ситуацијата беше ставена под контрола, кога дознаа дека станува збор за вештачка мечка, која всушност ја рекламира новата серија Fortitude на Sky Atlantic, чие дејство се одвива во мал град на Арктикот.











