Полнолетен Македонец пие скоро два литри вино годишно

182

Во текот на 2018-та година, македонските полнолетни граѓани просечно испиле 1,9 литри купено вино, покажуваа податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната цена на мало на суво десертно вино во шише е 368 денари за еден литар.

Во текот на минатата година, произведени се 132.443 хектолитри бело и 125.216 хектолитри црвено вино во шишиња. Кога станува збор за виното на точење: произведени се 315.433 хектолитри црвено и 245.900 хектолитри бело вино.

Во земјава, најголемо учество во производство на винова лоза има Вардарскиот регион со 48,6%. Потоа следуваат: Југоисточниот со 34,5%, Источниот со 5,8% и Скопскиот регион со 3,3%.

Најголем дел од македонското вино наменето за извоз завршува на пазарите во земјите од ЕУ (66%). Меѓу земјите надвор од Европа, извозот на вино во Кина е во постојан пораст.

Фото: Pexels