Половина Бугари живеат на работ на сиромаштија

19

bgВо Бугарија 49% од луѓето живеат во ризик од сиромаштија, а 60% трпат материјална беда. Ова го покажуваат податоците од истражувањето на Евростат, во кое Бугарија неколку година по ред ја предводи негативната статистика. По Бугарија се Латвија и Романија, каде загрозени од сиромаштија се 40% од луѓето.

На спротивниот крај на графиконот е Чешка, каде во ризик од сиромаштија е само 15% од населението, а по неа следуваат Шведска, Австрија и Луксембург.

Податоците се за 2011 година, а од Евростат прецизираат дека според употребената методологија, во материјална сиромаштија живеат луѓето кои не можат да си дозволат да купат автомобил, телевизор или мобилен телефон, да ги плаќаат сметките и ратите за кредити и хипотеки, да ги затоплуваат домовите во зима или да јадат месо или риба секој втор ден.