Половина од европските бизнисмени велат дека корупцијата е проблем

20

eu-map Корупцијата е проблем за скоро половина од бизнис компаниите во Европа, покажува испитувањето на Европската комисија. Во извештајот објавен вчера се вели дека расте и бројот на жители од Европската унија кои сметаат дека ситуацијата оди во надолна линија. Корупцијата членките на ЕУ ги чини околу 120 милијарди евра годишно.
Искуствата за корупција се разликуваат во сите 28 членки од блокот земји во ЕУ. Според извештајот, скоро сите компании во Грција, Шпанија и Италија веруваат дека корупцијата е распространета, а се смета за ретка појава во Данска, Финска и Шведска.
“Корупцијата jа разнишува довербата кај граѓаните во демократските институции и владеењето на правото. Ова и создава болки на европската економија и ги лишува државите од користењето на многу потребните даночни приходи”, рече Сесилија Малмстром, ЕУ комесар за внатрешни работи.
Градежните фирми кои конкурираат на владини тендери се оние кои се најмногу погодени. Од 8% до 10% од нив велат дека корупцијата е длабоко вкоренета во државната администрација. Генерално, 43% од компаниите ја гледаат корупцијата како проблем.
Според извештајот, жителите на Хрватска, Чешка, Грција, Бугарија, Латвија и Романија, од 6% до 24% рекле дека во последните 12 месеци им е побарано поткуп, а од 88% до 99% сметаат дека нивните земји се корумпирани. Граѓаните исто така сметаат дека корупцијата е честа појава и во бизнисот. Од 8% до 10% сметаат дека тоа се случува поради блиските врски меѓу бизнис секторот и политичарите.
Во Европа 4 од 10 компании сметаат дека корупцијата е проблем за бизнис секторот, а исто така го вбројуваат и непотизмот.
Европската Комисија во извештајот препорача зголемување на контролите и поголеми и построги казни за кримањето на поткуп.