Полска го добива прочистувачот на воздух – Smog Free Tower

44

01-smogfreeprojectdalian-photocreditstudioroosegaarde-and-world-economic-forum-1

Фото: Studio Roosegaarde

Smog Free Tower е дело на холандскиот иноватор Дан Росегард, а претставува кула висока седум метри што го прочистува воздухот по пат на вакуум.

Кулата е дел од поголем проект Smog Free Project на дизајнерското студио Roosegaarde и за прв пат беше поставена во Кина во 2016 година. Како следна дестинација е избран Краков, Полска, а кулата ќе почне да го прочистува воздухот од средината на февруари.

Smog Free Tower користи патентирана технологија на јонизација којашто произведува воздух без смог во јавни места. Кулата може да прочисти 30.000 метри кубни на час и за таа цел не користи количество на електрична енергија колку еден бојлер. Ефектите од прочистувачот се веќе признаени од Универзитетот за технологија од Ајндховен.

Дизајнерот Росегард, исто така, дизајнираше прстени направени од компресирани честички од смог, коишто беа собрани од прочистувачот.