Полска воведува сопствени санкции кон Русија и Белорусија

18

Полска состави своја листа на санкции за Русија и Белорусија, соопшти денеска министерот за внатрешни работи и администрација на Полска, Мариуш Камински.

„Списокот на санкции на Полска го надополнува списокот со санкции на ЕУ. Во него се вклучени руски олигарси и компании кои работат на територијата на нашата земја. Првата листа на санкции објавена денеска вклучува 50 позиции“, рече тој, а пренесува Тас с.

Според Камински, на листата се компании како Газпром, кој е санкциониран во дел од активностите со полскиот ЕурополГас, потоа рускиот производител на ѓубрива Акрон и шефот на групацијата Акрон, Вјачеслав Кантор, која поседува околу 20 отсто од полската компанија Азоти.