Полска забрани увоз на јаглен од Русија

70

Полска го одобри нацрт-законот за забрана на увоз на руски јаглен, изјави владиниот портпарол Пјотр Милер.
Земјата ги повика партнерите од ЕУ да воведат ембарго за руските набавки на енергија, но не успеа да ги убеди, пренесува британскиот јавен сервис Би-Би-Си, додавајќи дека Милер рекол дека владата во Варшава повеќе не може да чека ЕУ да одлучи да дејствува еднострано.

Полска е најголемиот производител на тврд јаглен во ЕУ, но нејзините рудници не произведуваат доволно јаглен за да ги загреат домовите, училиштата и болниците, така што некои топлани согоруваат и руски јаглен.

Во 2020 година, Полска купи три четвртини од вкупно 12,8 милиони тони увезен јаглен на Русија таа година.

Претходно овој месец, премиерот Матеуш Моравјецки изјави дека разговарал со австралискиот премиер за купување јаглен од Австралија, додаваат британските медиуми.