Полугодишна добивка од 880,7 милиони денари за Македонски Телеком

34

Македонски Телеком во првото полугодие од оваа година се позиционираше на 880.788.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата евидентираше добивка од 815.799.000 денари.

“Приходите од продажба во првите шест месеци од 2019 година изнесуваат 5.143.343.000 денари, што е зголемување за 2,5% во споредба со истиот период од претходната година“, стои во Образложението за работењето на Македонски Телеком.

Приходите од говорни услуги во првите шест од 2019 година во фиксниот сегмент се намалија за 5% во споредба со истиот период од претходната година поради намалениот појдовен сообраќај за 11,6%, како и намалениот меѓународен и национален дојдовен сообраќај.

Приходите од говорни мобилни услуги вклучително и приходите од говорни услуги – големопродажба на крајот од првите шест месеци од 2019 година се намалени за 4,2% во споредба со истиот период лани.

Приходите од малопродажен интернет на крајот од првите шест месеци од 2019 година се зголемени за 2,8% во споредба со истиот период од претходната година.

Фото: Pixabay