Помалку познати факти за Оскарите

258

Најпознатите награди во филмската индустрија на глобално ниво секако Academy Awards или познати како Оскари. Секоја година Академијата за филмска уметност ги наградува најдобрите во кинематографијата. Од 2002-ра година, светската филмска елита се појавува на црвениот килим што води кон внатрешноста на театарот Долби, кој порано бил познат како театар Кодак, каде што се одржува свеченоста.

Прво доделување на Оскарите

Првата церемонија за доделува на Оскарите беше на 16-ти мај 1929 година во Roosevelt Hotel пред 270 присутни гости.

Тајност на гласањето

Во 1935 година, Академијата ја ангажираше сметководствената компанија Price Waterhouse да ги собира гласачките ливчиња за да обезбеди тајност на гласањето. И денес истата компанијата само со променето име PricewaterhouseCoopers се грижи за тајност на гласањето.

Најмногу номинации

Волт Дизни е рекордер по бројот на номинации за Оскар без оглед на категоријата. Тој за златната статуетка бил номиниран 59 пат, а 22 пати бил добитник, без оглед на четирите хонорарни награди.

Најмногу победи

Рекордот за вкупен број на освоени Оскари е 11. Три филмови успеале да го постигнат тој рекорд: Ben-Hur (1959 година), Titanic (1997 година) и The Lord of the Rings: The Return of the King (2003 година).

Најмногу номинации во една година

All About Eve (1950 година) и Titanic (1997 година) добиле рекорден број на номинации во една година – вкупно 14.

Најкраткото издание на Оскарите

Најкраткиот телевизиски пренос на Оскарите бил во 1959 година и траел само 100 минути.

Боб Хоуп

Тој бил водител на Оскарите 14 пати, а е добитник на пет почесни Оскари.

Прв телевизиски пренос на Оскарите

Првото пренесување на Оскарите на малите екрани беше во 1953 година.

Црвен килим

Црвениот килим до Долби театарот е долг над 150 метри.

Колку тежи статуетката

Една статуетка тежи околу четири килограми.

Колку гости ќе ги следат Оскарите во театарот Долби

Ноќта на Оскарите во театарот Долби заедно ќе ја поминат околу 3.300 гости.

Во колку земји се пренесува церемонијата на доделување на Оскарите

За прв пат, директен пренос во странство е направен во 1969 година. Денес во живо се пренесува во повеќе од 200 земји во светот.

Фото: Pixabay