Пониски продажните цени на индустриски производи во септември

2

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во септември оваа година, на месечно ниво се пониски за 0,2%, а за 1% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во септември 2016, во споредба со август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,1%, во секторот Преработувачка индустрија се на исто ниво, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0,4%.

Во септември 2016, во споредба со септември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0,3% и во секторот Преработувачка индустрија за 1,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0,3%.