Пониски продажните цени на индустриските производи во август

12

Продажните цени на производителите на индустриски производи во август оваа година, на месечно ниво се пониски за 1%, додека на годишно ниво намалувањето е 4,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август 2015, во споредба со јули 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,6%, во секторот Преработувачка индустрија за 1,1%, a во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1,3%.
Во август 2015, во споредба со август 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,9% и во секторот Преработувачка индустрија за 4,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се на исто ниво.