Пониски продажните цени на индустриските производи во јуни

19

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во јуни оваа година, се пониски за 0,1% на месечно ниво, а се повисоки за 0,1 % на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јуни 2020, во споредба со мај 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,6% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,8%,  додека во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,3%.

Во јуни 2020, во споредба со јуни 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 11,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,4%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,2%.

Фото: Freepik