Пониски сметки за гас од први јануари

43

На денешната седница, регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, донесе одлука со којашто ќе се намали тарифата за пренос на природен гас во просек за 6,16%. Истата одлука ќе стапи на сила од први јануари следната година.

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски потенцираше дека бенефитот од оваа одлука ќе го почувствуваат сите корисници на природен гас чии сметки од први јануари ќе бидат пониски.

“На крајот од годината една добра вест а тоа е дека на денешната последна седница за 2020 година донесовме одлука за намалување на тарифата за пренос на природен гас во просек за 6,16%. Бенефитот од оваа одлука ќе го почувствуваат сите корисници на природен гас чии сметки од први јануари ќе бидат пониски. Клучни причини поради кои се намалува тарифата за пренос на природен гас се зголемените количини на природен гас кои ќе се пренесуваат следната година, како и влијанието на намалената увозна цена на природниот гас“, посочи Бислимоски.

Од РКЕ потсетуваат дека еднаш во годината носат одлука за тарифата за пренос на природен гас.

Фото: Freepik