Nestle нуди 34,50 долари по акција во готово, за преостанатите 74,4% од акциите на Aimmune Therapeutics, којашто бара решенија за алергиски реакции, пред сè, проучувајќи кикирики и јаткасти плодови.
Биофармацевтската компанија Aimmune Therapeutics, основана во Калифорнија, носи иновативни решенија за третман на луѓе кои се склони кон алергии на храна, пренесува Reuters и наведува дека оваа понуда на Nestle вреди околу 2,6 милијарди долари, вклучително и 473 милиони долари кои Nestle веќе ги вложил Aimmune Therapeutics.
Oваа компанија е релативно нова. Основана е во 2011 година во Бризбејн (САД), додека водечкиот швајцарски гигант за храна постои од 1866 година. Мерено според приходите и другите метрички вредности, Nestle е најголемата светска прехранбена сила.
Фото: Freepik