Попладне локален дожд и грмежи

21

dozd-1-pexels

Фото: Pexels

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност проследена со локален дожд и појава на грмежи, особено во западните делови.

Температурата ќе се движи од 24 до 32 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 30 степени.

Од понеделник следува период на нестабилно време со локални врнежи од дожд и осетен пат на температурите. Од среда, максималните дневни температури ќе опаднат за 10 – тина степени.