Попладне можно невреме

12

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, а попладне можна е појава на нестабилност со дожд и засилен северозападен ветер.

Утринските температури ќе се движат во интервал од 14 до 23 степени, а максималните дневни температури од 31 до 41 степен.

Во Скопје и околината слично време. Максималната дневна температура ќе достигне до 38 степени.

УВ индексот ќе изнесува 10.