Попладне невреме и пад на температурите

30

dozd-veter-pixabay

Фото: Pixabay

Управата за хидрометеоролошки работи за денес попладне најавува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, на места во форма на невреме со силни електрични празнења, засилен ветер и изолирана појава на град.

“Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со почести врнежи од дожд, локална појава на грмежи и опаѓање на температурата, која кон средината на неделата ќе се движи од 20 до 28 степени”, наведува УХМП во вонредната прогноза.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.