Попова Кула со загуба од 198.000 денари го заврши првиот квартал од 2016 година

22

popova-kula-580x387

Винарската визба Попова Кула, од први јануари до 31-ви март оваа година, оствари загуба од 198.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Првото тримесечје од минатата година, Попова Кула го заврши со загуба од 76.000 денари.

Вкупните приходи на винарницата во првиот квартал од 2016 година беа 6.283.000 денари, од коишто на домашен пазар отпаѓаат 3.818.000 денари, а 2.465.000 денари на пазари во странство.