Винарската визба Попова Кула од Демир Капија, во периодот јануари – јуни оваа година, евидентираше загуба од 1.440.000 денари, покажува билансот на успех.
Во првите шест месеци од минатата година, компанијата прикажа добивка од 3.891.000 денари.
“Винарската визба Попова Кула Демир Капија првата половина од 2019 година ја заврши со негативен финансиски резултат во износ од 1.440 илјади денари. Друштвото споредено со истиот период минатата година е погодено многу во своето работење од новонастанатата здравствена состојба во земјава и светот со вирусот COVID19. Согласно оваа ситуација и уредбите на Владата ресторанот и хотелот во винарската визба Попова Кула АД беа затворени целосно за работа, а последниов месец се рестартираа со намален капацитет согласно здравствените препораки. Исто така изгубени се и странските туристи кои почнувајќи од месец мај беа значаен фактор при исполнување на нашите хотелски капацитети“, стои во Образложението кон резултатите објавено на Македонска берза.
Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни годинава, достигнаа ниво од 4.972.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 3.480.000 денари, а остатокот од 1.492.000 денари отпаѓа на продажба во странство.
Во првото полугодие од 2019 година, вкупните приходи од продажба на Попова Кула изнесуваа 17.565.000 денари.
Фото: Facebook