Поповолна економската состојба на деловните субјекти во декември

16

Економската состојба на деловните субјекти во декември минатата година, во однос на претходниот месец, од страна на раководителите е оценета како поповолна, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Понеповолна е економската состојба на деловните субјекти во декемви минатата година, во однос на истиот период во 2013 година.

Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во декември 2014 година е на еднакво ниво како и во претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, додека очекувањата за бројот на вработените се поповолни.

Во декември 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и
репроматеријали, се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во декември 2014 година се намалени во однос на ноември 2014 година. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2014 година изнесува 61,3% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во декември 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22,9%, недоволната домашна побарувачка со 18,5%, недостигот на квалификувана работна сила со 15,2% и финансиските проблеми со 9,5%.