Популарна хрватска плажа отворена само за вакцинирани

74

Голем број млади од целиот свет доаѓаат со години да се забавуваат нa хрватската плажа Зрче. Пандемијата ја фрли на колена целата угостителска индустрија, а тежината на строгите мерки најмногу се одрази на клубовите.

Сепак, со цел да се направи оваа сезона поуспешна и попрофитабилна, од Noa Beach Club порачуваат: “Зрче станува место само за вакцинираните“.

Покрај почитувањето на сите мерки, воведени од Националниот и надлежен институт за здравствено осигурување на Хрватска, тие не дозволуваат влез во клубот доколку не се исполнети сите прописи, а тоа е потврда за вакцинацијата.

“Планираме да воведеме мерка што вклучува тестирање на гости пред влегување во клубот. Тековните брзи тестови важат 48 часа и планираме да го укинеме тоа. Секој влез значи нов тест и проверка на резултатите од тестот. Исто така, планираме да дозволиме само вакцинирани гости да влезат во клубот“, рече лицето за односи со јавност на Noa Beach Club, Јосипа Жижиќ, додавајќи дека тие го следат примерот на други земји, како што е Грција.

На прашањето дали се плашат дека некои нивни гости сметаат дека е дискриминација, бидејќи не можат да влезат во клубот доколку не биле вакцинирани, тие посочуваат дека безбедноста на вработените и гостите е на прво место.

Фото: Facebook