Попуст и до 90% во бутиците во Германија

195

Во бутиците во Германија потрошувачите може да очекуваат големи попусти на цените по завршување на карантинот воведен поради пандемијата.

“За многу производи ќе има попуст од 80 до 90% за да можат производите и понатаму да се продаваат“, вели Роф Пангелс, извршен директор на Сојузното здружение на трговци со текстил.

Продажбата на пролетните колекции, исто така, се очекува да биде поврзана со големи попусти.

“Тоа нас не оптоварува во текот на целата година“, вели тој, мислејќи на ограничувањата и затворање на бутиците во текот на пандемијата.
Доколку продолжи карантинот, на крајот ќе има уште поголема понуда.

“Доколку продолжи, ќе ја спакуваме непродадената облека во големи камиони ќе ја ставиме пред канцелариите. Не може да протестраат само млекарите“, додава Пангелс.
Експертите од текстилната индустрија велат дека по повторното отворање на продавниците може да се очекуваат вистински “дисконтни битки“.

Според претходните проценки, пола милијарда непродадени модни парчиња би можеле да се насоберат во продавниците до крајот на јануари. Најголем дел од тоа е зимска облека којашто постојано губи на вредност со оглед на тоа што доаѓа пролет.

Фото: Freepik