Поради одрон затворена една лента на патниот правец Виница – Берово

17

Според информацијата добиена од раководителот на Македонија пат – Секција во Кочани, Влатко Јорданов, екипи со механизација и вработени работат на расчистување на коловозната лента од одрони од камења и земја на магистралниот пат Ер 1-304 Превалец, Виница – Берово меѓу 19 и 20-от километар.

Од големите одрони од земја кои изнесуваат над 10 метри кубни едната коловозна лента е во прекин и сообраќајот се одвива отежнато по една коловозна лента.

Според Јорданов овој дел од патниот правец ќе биде оспособен целосно за сообраќај за неколку часа.

Парлелно со ова изутринава екипи на Македонија пат-Кочани интервенирала во отстранување наноси од камења и земја на уште три места на овој патен правец кон месноста викана Обозна, како и на магистралниот пат А-3 Кочани – Македонска Каменица, каде што одроните веќе се отстранети и сообраќајот се одвива непречено.