Поради пандемијата жените останаа без 800 милијарди долари

28

Во најновиот извештај на Oxfam International се наведува дека жените ширум светот изгубиле најмалку 800 милијарди долари приход, што е повеќе од комбинираниот бруто домашен производ (БДП) на 98 земји, пишува CNN.

“Економските последици од пандемијата Ковид-19 имаат потешки последици врз жените кои се диспропорционално застапени во сектори кои нудат ниски плати, помалку бенефиции и најмалку безбедни работни места“, изјави извршната директорка на Oxfam International , Габриела Бучер, додавајќи: “Владите низ целиот свет ги третираа работните места во кои жените работат најмногу лесно заменливи, што ги чинеше жените најмалку 800 милијарди американски долари“.

Во светски рамки, се проценува дека 64 милиони жени ја изгубиле својата работа. Кога станува збор за мажите, нивната загуба на работа е 3,9% ширум светот. Се очекува дека економските последици од пандемијата врз животот на жените може да бидат долготрајни.

Фото: Pixabay