Поради штрајкот Air France трпи загуби од 300 милиони евра

18

Фото: Pixabay

Акциите на францускиот авио превозник Air France – KLM паднаа за 14%, откако извшниот директор на групацијата се откажа во спорот, а француската влада која поседува 14,3% од холдинг компанијата,  соопшти дека нема финансиски да интервенира за да му помогне.

Илјадници француски службеници и пилоти гласаа против планот за повеќегодишните плати на вработените. По оваа одлука извршниот директор Жан-Марк Јанаилак изјави дека ќе се повлече и дека загубите на францускиот авиопревозник од 13 дневниот штрајк изнесуваат околу 300 милиони евра, пишува CNN.

Според Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт, Air France е 17-та најголема авиокомпанија во светот по реализирани патувања, а откако беше купена од KLM групацијата во 2004 година, стана еден од најголемите авиопревозници во светот.