Поради скапото гориво ќе се зголемат цените на авиобилетите

27

Генералниот директор на Меѓународното здружение на воздушен транспорт (ИАТА), Вили Волш изјави дека поради раст на трошоците за гориво ќе се зголеми цената на авионските билети.

Тој наведе дека цените на горивото се рекордно високи и оти „нафтата е единствен најголем елемент во основата на трошоците на авиокомпаниите“

„Неизбежно е на крај високите цени на нафтата да се пренесат на потрошувачите преку повисоки цени на билетите, посочи Волш.