Поради вакцинацијата скокна бројот на резервации на Airbnb

26

Airbnb објави дека, по зголемувањето на бројот на вакцинирани, бројот на резервации скокна за 52 % во првиот квартал од оваа година. Да потсетиме, оваа платформа се сметаше за една од најголемите губитници на сегашната криза, бидејќи бројот на патувања беше драстично намален, а со тоа и потребата да се резервира сместување.

Сепак, со напредокот на масовната имунизација, се чини дека и туристичкиот сектор започна да се опоравува. Така, во првите три месеци од 2021 година, бројот на резервации на Airbnb скокна на 10,29 милијарди или 52 %. 

“Меѓу американските корисници на платформата постари од 60 години, кои беа вакцинирани меѓу првите, има раст на интересот за резервации за сместување од 60 %“, соопшти компанијата.

Со имунизација на другите возрасни групи, односно со проширување на бројот на вакцинирани, бројот на резервации треба да се зголеми, а Airbnb очекува дека нејзините деловни резултати во вториот квартал од оваа година ќе бидат слични на оние од 2019 година.

Фото: Pixabay