Поранешен американски министер и универзитетски професор: Корпорациите се одговорни за инфлацијата

60

Поранешниот американски секретар за труд и професор на Универзитетот во Калифорнија Беркли, Роберт Рајх, смета дека корпорациите се вистинскиот виновник за глобалната инфлација.

Ова го напиша во колумна за британскиот весник Гардијан, наведувајќи дека работниците се казнуваат поради инфлација. Тој е меѓу оние кои веруваат дека корпорациите, конгломератите го контролираат пазарот, а тоа е затоа што меѓу нив постои координација да се зголемат цените, а профитот да биде поголем. Рајх рече дека инфлацијата е само изговор за нив.

„Доколку пазарите беа конкурентни, компаниите би ги намалиле цените за да ги спречат конкурентите да им ги украдат клиентите. Сепак, тие ги зголемуваат цените за да остварат рекорден профит“, посочи тој.

Рајх нагласи дека најавеното зголемување на даноците за богатите во Соединетите Американски Држави ќе придонесе за намалување на побарувачката, а ќе се намали и стапката на инфлација.

Тој предупреди дека одлуката на американската централна банка да ги зголеми каматните стапки влијае само на работниците, но не и на корпорациите. Повтори дека тие се одговорни за високите цени.