Поранешен банкар осуден на смрт поради мито од 260 милион долари во Кина

36

Поранешниот претседател на една од најголемите кинески компании во државна сопственост за управување со имот, е осуден на смрт поради земање мито од 260 милиони долари, корупција и бигамија.

Лаи Ксиаомин, поранешен член на Комунистичката партија на Кина, во јануари минатата година детално призна на државната телевизија CCTV. Тој ја злоупотребил својата позиција за да дојде до поголема количина на пари.

Поранешниот претседател на China Huarong Asset Management Co, исто така, е прогласен за виновен и за бигамија, откако живеел во две “брачни заедници долг временски период“ и добил вонбрачни деца.

За Лаи е отворена истрага во 2018 година бидејќи проневерил 25 милиони јуани државни пари во период од 2009-та до 2018-та година.

Во текот на своето признание, Лаи рекол дека “не потрошил ниту еден денари, туку сите пари ги чувал и не се осудувал да троши“.

Кинеската државна телевизија ги прикажала и луксузните автомобили и златни прачки што Лаи ги прифатил како мито.

Фото: Freepik