Поранешната директорка на PepsiCo стана член на одборот на директори на Amazon

38

Индра Нуи, поранешната извршна директорка на PepsiCo се приклучи на Одборот на директори на Amazon.

Таа беше на челната позиција 12 години, а ја напушти компанијата во октомври лани, пишува CNN. Пред да стане извршен директор во PepsiCo Нуи имаше функција на главен финансиски директор.
За време на нејзината 24-годишна кариера во гигантот за прехранбени производи и пијалаци, PepsiCo купи големи брендови, инвестираше во здрави производи и ја спречи поделбата на компанијата на одделни бизниси за храна и пијалаци.
Нуи, исто така, ќе има улога и во ревизорскиот комитет на одборот.
Фото: Facebook