Поранешниот шеф на Volkswagen ќе му плати 10 милиони долари отштета на концернот

78

Поранешниот шеф на германскиот автомобилски концерн Volkswagen, Мартин Винтеркорн, ќе треба да плати отштета од околу 10 милиони евра за штетата предизвикана на компанијата во врска со “дизел скандалот“, пишува Business Insider.

Според весникот, Volkswagen претходно поднел барања за обештетување од поранешните членови на Управниот одбор поради “дизел скандалот“. Меѓу нив се поранешниот шеф на компанијата, Мартин Винтеркорн, и поранешниот прв менаџер на Audi, Руперт Штадлер. Таквата одлука била донесена врз основа на податоците од финансиската ревизија на активностите на менаџерите. Против Винтеркорн и Штадлер беа поднесени побарувања за отштета во врска со кршење на нивните обврски за заштита на интересите на концернот, во согласност со законот за акционерски друштва.

Истовремено, како што истакнува Business Insader, реалните плаќања што повеќето менаџери ги договориле со компанијата се само симболични во поглед на сериозните последици од скандалот. Според нацрт-документите, секој од поранешните членови на Управниот одбор мора на Volkswagen да му префрли по најмалку милион евра. Винтеркорн, од своја страна, ќе плати отштета од околу 10 милиони евра, забележува весникот.

Договорот за компензација се очекува да биде потпишан неделава.

Обвинителството во Брауншвајг го гони 73-годишниот менаџер и уште други четири лица за измама и кршење на законот за нелојална конкуренција. Според истрагата, Винтеркорн знаел дека во 2014 година концернот го ажурирал софтверот на автомобилите, што не го решава проблемот со емисијата на штетни гасови. Тоа било “потребно за да се скрие вистинската причина за преценетите емисии на штетни гасови на дизел автомобилите“, изјавија обвинителите.

Фото: Pixabay