Порано од очекуваното: Pекламите пристигнуваат на Netflix на 1-ви ноември

64

Иако до неодамна од Netflix говореа дека на стриминг сервисот нема да се прикажуваат реклами, неповолните пазарни услови и загубата на претплатници го променија нивното мислење. Не само што пристигнуваат реклами на Netflix, туку се чини дека доаѓаат многу наскоро.

Кога извршниот директор на Netflix, Рид Хестингс првпат ја спомна можноста за рекламирање, рече дека размислуваат да ги воведат во рок од една или две години, но тој период сепак ќе биде пократок.

Според информациите кои оваа недела ги објавија американските медиуми, Netflix на 1 ноември ќе ги прошири моделите за претплата со нов модел кој ќе биде поевтин и ќе вклучува реклами.

Детали за овој нов рекламен модел сè уште не се познати, но според она што е пренесено на PC Mag, овој модел нема веднаш да биде достапен на сите пазари. Корисниците во САД, Канада, Германија, Франција и Велика Британија најпрвин треба да уживаат во поевтиниот Netflix со реклами, но тоа ќе зависи и од тоа дали компанијата ќе постигне договор со огласувачите.

Освен датумот на почеток на новиот модел на претплата, корисниците најмногу ги интересира колку ќе чини месечната претплата. Официјално, нема информации, но се шпекулира дека би можела да изнесува помеѓу 7 и 9 долари. Исто така, не се знае дали целата содржина ќе биде достапна за корисниците кои ќе платат толку мала претплата – некои претходно објавени информации говореа дека дел од содржината нема да биде достапна во најевтиниот модел на претплата, но тоа ќе го дознаеме по 1 ноември .

Интересно, како причина за побрзото лансирање на нов модел во кој ќе се прикажуваат реклами, медиумите ја наведуваат конкуренцијата, односно Disney+, чиј модел на претплата базиран на рекламирање ќе стане достапен од 8 декември.