Пораст на бројот на работници во индустријата во април

13

Бројот на работници во индустријата во април оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 1,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2015 година, во однос на април 2014 година, бележи опаѓање од 4,5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2015 година, во однос
на април 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,2%, Капитални
производи за 18,4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,5%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2015 година, во однос на
периодот јануари – април 2014 година, е зголемен за 2%.