Пораст на бројот на работници во индустријата во мај

19

Бројот на работници во индустријата во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 0,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, бележи пораст од 2,3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,2%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 1,2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,8%, Капитални производи за 9% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,6%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – мај 2016 година, во однос на периодот јануари – мај 2015 година, е зголемен за 1,4%.