Пораст на бројот на туристи и ноќевања во Македонија за 5,9%

13

turist3Mинатата година во Македонија, во ноември биле регистрирани 34.756 туристи, со 80.580 ноќевања. Споредено со ноември 2011, бројот на туристите е зголемен за 5,9%, а бројот на ноќевањата за 11,4%.

Како што велат податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во ноември лани споредено со ноември 2011 е зголемен за 21,4%, а на странските туристи е намален за 2,7%. Ноќевањата на домашните туристи бележат раст за 17,5%, а на странските за 6,3%.

Статистика евидентира зголемен број на туристите за 2,9% во периодот јануари-ноември 2012 година, споредено со истиот период од 2011 година. Кај домашните туристи има намалување за 2,2%, додека кај странските зголемување за 7,8%. Ноќевањата се намалени за 1%. Кај домашните туристи има намалување за 5,6%, а кај странските зголемување за 7,7%.