Пораст на индексот на прометот во индустријата

21

Државниот завод за статистика ги објави податоците за индексот на прометот во индустријата.

Според податоците во соопштението, индексот на прометот во индустријата, во април 2018 година изнесувал 110,9 индексни поени, и бележи пораст во однос на април 2017 година и тоа кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,4 %, Капитални производи за 19,1 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8,2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,9 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2018 година, во однос на март 2018 година, изнесува 92,9 поени, додека во периодот јануари – април 2018 година, во однос на истиот период лани, изнесува 110,8 индексни поени.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2018 година, во однос на април 2017 година, изнесува 98,3 и бележи опаѓање, а истиот индекс на странските пазари, има пораст
во април 2018 година, во однос на минатогодишниот април и изнесува 114,5 индексни поени.

Фото: Pexels