Според соопштението на Државниот завод за статистика, индустриското производство во периодот јануари – мај годинава во однос на истиот период лани е зголемено за 1,7%. Во мај годинава споредено со мај лани тоа бележи пад за 2,8%.
Споредено по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во минатиот месец споредено со мај 2012, бележи пораст од 9,1%, во секторот пеработувачка индустрија бележи опаѓање од 9,3%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација регистриран е пораст од 34,3%.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2013 година, во однос на мај минатата година година, бележи пораст кај енергијата за 20,2% и трајни производи за широка потрошувачка за 13,4%. Опаѓање е регистрирано кај интермедијарните производи, освен енергија за 9,6%, капиталните производи за 6,5%, и нетрајните производи за широка потрошувачка за 4,7%.